ЕВН и жителите на Слупчане повторно преговараа, ќе имаат состанок и в понеделник

Од:

Востанок одржаа претставниците на ЕВН и жителите на Слупчане, потврдија од компанијата и од Oпштина Липково. На денешниот состанок се финализираат техничките детали поврзани со модернизирање на мрежата во селото. Во понеделник, ќе има уште еден состанок.

-Денескa повторно се одржа успешен состанок меѓу претставници на ЕВН и претставници на селото Слупчане. На состанокот се финализираа техничките детали за реализација на проектот за реконструкција и модернизирање на мрежата. Во понеделник ќе се одржи последниот состанок, по кој следува спроведувањето на проектот, велат од ЕВН.

Претседателот на Советот на Општина Липково, Зекирија Шаини изјави дека се очекува да се финализираат некои финеси и детали и да се почне со модернизација на мрежата.

– Наскоро очекуваме да почне и модернизација на мрежата во селото, кажа Шаини.

Претходниот месец во два наврати жителите на Слупчане остануваа без електрична енергија и испратија барања до ЕВН. Од компанијата, тогаш посочија дека поголем дел од слупчанци не плаќаат струја. На 27 јули беше постигнат договор кој наскоро треба да биде потпишан. Според последни информации модернизирањето на мрежата треба да почне на 9 август годинава.

Би можело да ве интересира

Вработен во „ЕВН“ почина при извршување на работни задачи, телото е на обдукција

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН

ВИДЕО: Приведени двајца фудбалери на Беса за претепувањето на играчи на ФК Аеродром

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ