ВМРО-ДПМНЕ: ПР финти од типот на коњици не им поминуваат кога се срамат името Македонија да го споменат

Од:

Народот и сега како и целиот овој период е сплотен цврсто и бара силно национално единство зад националните и државните интереси. Власта е таа која што го игнорира својот народ, го понижува и се обидува да го раздели. Насилните обиди на власта да направи уставни измени удираат во ѕид велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени под бугарски диктат кои немаат врска со Копенхашките критериуми и се газење на достоинството на својот народ. Македонија бара фер шанса како и сите останати земји кои пристапувале кон ЕУ, а не преговори обременети со историски наративи и притисоци. Македонија бара институционални европски гаранции дека европскиот пат ќе биде предвидлив, а не подвижна цел која постојано ќе ни бега заради апсурдни ретроградни барања на Бугарија. Оваа власт за жал ниту кога преговараше, ниту кога прифаќаше не изгради национален и државен консензус. Сега сака тоа да го наметне како свршен чин кој Македонија треба да го прифати без поговорно. Оваа власт пропушти толку многу подадени раце од ВМРО-ДПМНЕ. Пропушти толку шанси да избори подобри позиции за Македонија. Сега преостанува само што побрзо да го стават ова прашање на пленарна седница и да се соочат со реалноста дека немаат ниту мнозинство. После тоа следен логичен чекор ќе бидат избори. ПР финти од типот на коњици не им поминуваат. Кога се срамат името Македонија да го споменат или пак да кажат дека Илинден е македонско востание, уште три коњици да организираат нема да им поминат. Прочитани се, а наскоро и ќе бидат казнети, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани

Мицкоски им се извини на пратениците за хаосот во Собранието, СДСМ му прача да и се извини на јавноста

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ

(ВИДЕО) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер

А1он