СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Од:

Младите социјалдемократи заедно со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, утрово организираа коњички марш во Крушево по повод Илинден, се вели во соопштението од СДСМ.

„Маршот до споменикот кај месноста Слива близу Крушево, беше организиран во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбрана на Крушевската Република. СДСМ, како државотворна партија со низа активности оддава почит и одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и одбележување на најголемиот државен празник 2 август – Денот на Републиката“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека „идеалите и заложбите за слобода, правда и еднаквост од Илинден 1903 и темелите на македонската државност од Илинден 1944 година, од АСНОМ, за СДСМ остануваат водилка во борбата за градење модерна, демократска, слободна држава, идна членка на ЕУ“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

ВИДЕО: СДСМ се повлече од Комисијата за финасирање, ќе поднесе кривична за Гаши

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски