Американската тенисерка Серена Вилијамс е бремена. Таа и нејзиниот сопруг Алексис Оханијан приредија забава за семејството и пријателите за да го откријат полот на бебето.
По сечењето на тортата, со звуците на музиката, Оханијан ја покани толпата да погледне во небото, по што дроновите со светла напишаа „Тоа е девојче“.
Сите беа воодушевени, а најсреќна меѓу толпата беше шестгодишната Олимпија која со нетрпение чека да добие сестра.
Легендарната американска тенисерка, која во кариерата освои 23 грен слем титули, во интервју за магазинот „Вог“ изјави дека сака да го прошири своето семејство.
Серена и Алексис станаа родители за прв пат во 2017 година, кога се роди нивната ќерка Олимпија.