Веќе е познато дека поранешниот фудбалер не сака ни да ги слуша песните на бившата сопруга додека се забавува, а најновата непријатност сигурно му ја уништила вечерта.
Шакира и Пике не престануваат да ги интригираат сите околу нив. Секое нивно појавување го буди вниманието на јавноста, а се чини дека обожавателите на пејачката се наоѓаат на секој чекор.
Имено, Пике е многу посветен на својот проект King’s League во чии рамки организираше турнир, па во тоа име организираше голем собир во клуб и планираше да одржи говор. Само што го зеде микрофонот, од публиката се слушна гласно скандирање „Шакира, Шакира“.
Crowd chants “Shakira” at Gerard Piqué during a Kings League event in Madrid. pic.twitter.com/fwDMIWArn6
— Pop Crave (@PopCrave) July 30, 2023
Според навивачите, Пике бил видно изнервиран и само рекол:
„Што и да е, јас сум сè уште светски шампион, а вие сте ништо“.
Дури и еден од присутните, Икер Касиљас, побара да се пушти песната на Шакира Waka, Waka, која го одбележа Светското првенство во 2010 година, за време на кое Пике и таа се запознаа.
Да потсетиме, Пике и Клара Чиа при неодамнешната посета на клуб во Андора имаа ултимативен услов песните на Шакира да не се пуштаат.