СДСМ: Пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за Иловица

Од:

СДСМ и денес, но и од првиот ден е против отворање рудници во еден од најплодните делови на нашата држава.Со одлука на Владата, укинато е спојувањето на концесиите за рудникот Иловица велат од СДСМ.

– ДПМНЕ кои денес лицемерно глумат загриженост, се всушност оние кои ја дадоа концесијата за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници. Одлуката за доделување концесија за рудник за бакар и злато во Иловица е донесена на 16 јуни 2012 година и на таа одлука потпишан е Зоран Ставревски тогашен Заменик претседател на Владата и десна рака на Никола Груевски. Позитивно мислење за Иловица дале Миле Јанакиески, тогашен министер за транспорт и врски, Љупчо Димовски, тогашен министер за земјоделство, но и сегашниот потпретседател на ДПМНЕ и близок соработник на Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски. Затоа пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за рудникот во Иловица. И покрај тоа што ДПМНЕ со своите одлуки ја ставија државата во судски лавиринти, СДСМ, како одговорна партија, продолжува да ги користи сите механизми за да се спречи отворање на рудници во Струмичкото поле, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Димов: „Иловица–Штука“ е големо наоѓалиште, сега е критичен момент Македонија да ги искористи своите ресурси

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра