ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги лаже граѓаните за рудникот Иловица, откако влезе Дестани во бизнисот оваа влада го оживеа проектот

Од:

СДС води лицемерна и неискрена политика. Ги лажеше граѓаните во струмичкиот регион дека нема да дозволи изградба на рудник во Иловица, но кога Дестани влезе во „Еуромакс ресурсис“ го променија ставот велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Велеа дека не знаеле и дека некој ги измамил на владина седница, за после да се открие дека не само што знаеле еден ден однапред, дека ги имале сите материјали, туку и дека дебатирале на таа тема. Истите тие откако донесоа одлука со која отворија врата за рудник во Иловица, после тоа без грам срам излегоа да протестираат со граѓаните. Оваа политичка шизофренија на СДС ја навредува интелигенцијата на граѓаните. Во моментот кога Дестани, кој важи за бизнисмен близок на ДУИ, влезе во бизнисот со рудници, владата на СДС ја оживеа идејата за рудник во Иловица. СДС им должи на граѓаните одговор, дали со овој потег го спасуваат владиното мнозинство? Дали со овој потег покорно ги исполнуваат бизнис насоките на доминантниот партнер во владата, ДУИ? Зошто досега не се одзема едната концесија за експлоатација на „Еуромакс“, која е спорна, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Европа инвестира во критични суровини, а Македонија треба да одлучи како ќе го искористи својот бакарен потенцијал

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија