Во селото Ново Рујце кај Липљан на Косово убиени се три лица, потврди полицијата.
Полицијата истакна дека биле убиени членови од исто семејство, а постои сомнеж дека мажот ги убил сопругата и синот, а потоа се самоубил.
Според медиумите во Приштина, полицијата потврдила дека на лице место пронашла три тела.
„Околу 16 часот и 30 минути полицијата добила информации за три жртви. Полицијата веднаш по добиената информација излегла на лице место каде пронашла три мртви тела чија смрт била констатирана од лекарска екипа. Полицијата веднаш започна истрага за случајот и околностите кои го карактеризираат инцидентот“, се вели во соопштението на полицијата.