СДСМ поднесе Декалрација за Илинден, повикува да ја поддржат сите пратеници

Од:

До Собранието поднесуваме Декларација за Илинден – најголемиот македонски државен празник најви пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Идеалите на Илинденците, македонските партизани и сите оние кои се бореа за слободна и демократска Македонија и за рамноправност и соживот на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или идеолошка припадност, треба да служат како основна водилка за сегашните и идни генерации за слободна, демократска и просперитетна Република Северна Македонија. Оддавајќи почит на пожртвуваноста на борците за слобода и демократија наша должност е постојано да го искажуваме нашиот восхит и почит кон сите оние кои ги дале своите животи за слобода, испраќајќи со тоа силна порака за заедништво, рамноправност и демократија. Сето ова е содржано во Декларацијата што денеска ја поднесуваме до Собранието. Очекуваме оваа Декларација наскоро да се најде пред пратениците и повикуваме секој пратеник без разлика од која партија доаѓа, истата да ја поддржи и таа да биде усвоена од македонското Собрание, вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски