Шкупи со негатива ќе патува на реваншот против Левски во Софија по една седмица откако вечерва во Скопје во дуелот од 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига загуби од Левски со 0-2. Бугарскиот состав речиси го обезбеди местото во следната рунда.
Гостите имаа позитива на полувремето со голот на Велтон Фелипе во 31. минута, во судиското продолжение, Роналдо погоди за конечните 0-2.
За чаирчани сега останува реваншот за седум дена во Софија во обидот за евентуално изненадување на Левски и пласман во следната рунда натпревари од УЕФА Конференциската лига.