ЕВН ќе се врати во Слупчане во август, гаранции дале локалните власти и политичките партии

Од:

Екипите на Електродистрибуција ќе почнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане информираат од ЕВН.

Постигнат е договор со мештаните на Слупчане, а гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии.

Наредната недела во организација на министерот за економија и градоначалникот на Липково ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и реализација на проектот и со работа на терен ќе се започне од 9-ти август.

Ова доаѓа откако жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.

Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце се уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект“, потврдија од ЕВН Македонија за „А1он“.

Жителите на Слупчане денес не ги пуштија екипите на ЕВН да работат и покрај тоа што на терен беа присутни припадници на полицијата.

За да им дозволат на екипите на ЕВН да работат, мештаните доставија официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се опростат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра и да добијат бесплатни нови приклучоци, а без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари. Во барањето кое ЕВН го достави до „А1он“ жителите бараат верските објекти да не плаќаат струја.

Би можело да ве интересира

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја од јули? Понудите од ЕДС, ЕВН и ЕСМ отворени, Владата не закажува аукција

A1on

Во јануари претстои битка за универзален снабдувач: Ќе се дозволи ли конкуренција, а со тоа и поевтина струја?

А1он

Липково ќе биде прва општина во земјава целосно покриена со смарт броила од ЕВН, загубите ќе бидат 10 проценти

A1on

ЕВН почна да работи во Слупчане: „Ќе плаќаме колку што ќе потрошиме, да не бидеме црна точка“

A1on

Бектеши: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, не посредуваме меѓу Слупчане и ЕВН