Жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците на ЕВН, неколку села без струја во липковско

Од:

По денешната блокада за да ги спречат повторно да работат екипите на ЕВН, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.

Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце се уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект“, потврдија од ЕВН Македонија за „А1он“.

Жителите на Слупчане денес не ги пуштија екипите на ЕВН да работат и покрај тоа што на терен беа присутни припадници на полицијата.

За да им дозволат на екипите на ЕВН да работат, мештаните доставија официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се опростат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра и да добијат бесплатни нови приклучоци, а без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари. Во барањето кое ЕВН го достави до „А1он“ жителите бараат верските објекти да не плаќаат струја.

„Екипите на Електродистрибуција се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, како и целосни блокади за влез во селото. Се додека не се создадат нормални услови за работа, екипите нема да работат на отстранување на дефекти или пак да реализираат редовни работни активности во тој регион“, велат од ЕВН за „А1он“.

Пред околу 3 недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.

Жителите на кумановското село Слупчане, при обид сами да ја вклучат струјата на селото, на 5 јули предизвикаа сериозен дефект кој ги остави и околните села без снабдување.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 15.08.2025 изнесува 73,22 евра за мегават час, на МЕМО 83,07 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 08.08.2025 изнесува 77,96 евра за мегават час, на МЕМО 71,63 евра за мегават час

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 95,91 евра за мегават час, на МЕМО 86,07 евра за мегават час

Поради пожар, дел од Чаир, Бутел и Железара се без струја

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час