Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека Украина ќе продолжи со нападите врз Крим, кој сега е под руска окупација, и врз мостот на Крим.
Додека Русија го гаѓаше јужниот пристанишен град Одеса и околниот регион минатата недела, Украина продолжи со нападите во Крим.
„Сите овие цели се официјални цели бидејќи тоа ќе ја намали нивната способност да се борат со нас и ќе помогне да се спасат животи на Украина“, изјави Резников за Си-Ен-Ен.
На новинарско прашање дали Украина има намера трајно да го оневозможи мостот на Крим, Резников одговори дека такво нешто е нормална воена тактика.
„Нормална тактика е да се уништат логистичките линии на вашиот непријател за да се запре можноста за набавка на дополнителна муниција, гориво, храна итн. Така, ние ќе ја користиме таа тактика против нив“, додаде тој.