Мицкоски: Запаленото возило поврзувано со Груби е дел од криминална пресметка

Од:

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека опожареното возило кое се поврзува со Артан Груби најверојатно е дел од некаква криминална пресметка.

– Секој ваков криминален чин треба детално да се истражи и сторителите како и за сите други криминални чинови треба да одговараат за стореното, без разлика чие возило е тоа, без разлика дали се однесува на опожарено возило или друг тип на криминал, тоа сепак дел од криминалот претпоставувам во случајот станува збор за некаква криминална пресметка, рече тој.

Мицкоски во врска со целиот овој случај потенцираше дека целиот случај треба детално да се истражи, сторителите да одговараат за сторено и дека јавноста има право да знае дали постои или не постои скриен имот.

-Но она што исто така во јавноста беше познато е што излезе во суштина возилото не било во сопственост на господинот кој што го споменавме, туку било во сопственост на некое дурго правно лица кое што во минатото се поврзува со некои други бизнис активности. Така што јас ги повикувам органите детално да го истражат овој случај, се разбира сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, но исто така и поврзаноста на лицето кое што го споменавте со компанијата која што е сопственост на ова возило очекувам во најскоро време да биде истражено и расчистено пред јавноста бидејќу не смееме да оставаме таков вид на мистерии позади нас бидејќи сме политичари кои што вршиме јавна дејност и јавноста има право да знае дали навистина постои скриен имот или не постои скриен имот, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Од следната недела значително намалување на цените на бензините, очекува Мицкоски

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Мицкоски: Голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото