Град оштети покриви, овошки и градинарски култури во Кочани и во Виница

Од:

Силно невреме, проследено со ветер, дожд, град и кратки атмосферски електрични празнења го зафати доцна попладнево подрачјето на Кочани и Виница.

Бурата што траеше петнаесетина минути предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури. По известување од линијата за итни повици 112 интервенираше и Територијалната противпожарна единица од Кочани.

– Околу 17:30 часот добивме дојава за пожар во двор на објекти во селото Жиганци, при што беа ангажирани еипи со две возила. Констатиранио е дека силниот ветер предизвикал краток спој на електричниот довод меѓу две куќи, по што настанал пожар во дворната површина каде што имало сува трева. Со навремената интервенција огнот е изгаснат и спречено е настанување на поголема материјална штета, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Попладнево пожарникарите успешно интервенирале и на гаснење пожар што се проширил од кочанската комунална депонија кај селото Бели, која чади неколку денови, при што огнот зафатил сува трева и нискостеблести растенија во околината на оваа локација.

Би можело да ве интересира

Тошковски и Мицкоски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани, велат од СДСМ

Горан Наумовски

13 полицajци осомничени дека не спречиле користење на пиротехника во „Пулс“ која беше фатална за 62 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Со доказите кои ги обезбеди МВР се докажа кој е виновен за трагедија во Кочани

Три фирми и 34 лица се обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

(ВИДЕО) Костовски: Јанев, Тошковски и Мицкоски се одговорни што нема целосна правда за трагедија во Кочани

Горан Наумовски

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава против Мицкоски