ВИДЕО: Големо невреме, силен ветер и дожд го зафатија Скопје

Од:

Големо невреме со силен дожд и ветар попладнево го зафатија Скопје. Како што најавија од Хидрометеролошкиот завод Скопје и уште неколку региони во земјава поладнево го зафати нестабилна маса која се пресели од Косово.

Невремето беше краткотрајно, но исклучително силно. Засега нема пријави за штети.

Во североисточните делови од земјава попладнево е нестабилно со локална појава на невреме проследено со електрични празнења, интензивен пороен дожд, град и силен ветер. Со поинтензивни процеси беа опфатени подрачјата на Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница. Доцна попладне невреме ја зафати и Скопската Котлина, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што најавуваат, во северните, централните и источните делови и во наредните часови ќе биде нестабилно со услови за локална појава на невреме со силен ветер, пороен дожд, електрични празнења и град. Во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира.

УХМР најавува дека утре ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува девет. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

-До среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури, како и многу висок УВ индекс. Најтопло ќе биде во вторник и во среда, кога ќе дува засилен југозападен ветер. Значителна промена ќе има во четврток, кога ветерот ќе се промени во северен, а дневната температура ќе се намали за десетина степени, прогнозира УХМР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

39-годишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот дом

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени