Состанок на Генералниот совет на ДУИ: Се создава хибриден политичко-економски центар против ДУИ

Од:

Демократската унија за интеграција го одржа 5-тиот редовен состанок на Генералниот совет, како највисок орган на партијата меѓу двата Конгреса информираат од партијата.

на Состаноко, лидерот на партијата Али Ахмети истакнал дека земјата се наоѓа во критична точка во однос на европската перспектива и неопходните уставни измени за да продолжи да се движи по европски пат. Тој истакнал дека зацврстувањето на Северна Македонија во европското семејство, е највисоката форма на патриотизам за сите граѓани и заедници. Според Ахмети, неодамнешната потврда од Европската комисија дека одредниците за отворање на поглавјата ќе се фокусираат само на патоказот за јавната администрација и владеењето на правото, наместо на односите со соседите, силно ги отфрлиле тврдењата на опозицијата.

Како што се наведува во соопштението од ДУИ, Ахмети се осврнал на загриженоста од создавање на хибриден политичко-економски центар против ДУИ, изразувајќи ја посветеноста на партијата за демократските принципи и решеноста да продолжи да работи во насока на унапредување на системските вредности и стандарди во Северна Македонија.

Ахмети и Генералниот совет го осудија нападот врз првиот вицепремиер Артан Груби, карактеризирајќи го истиот како напад врз ДУИ.

За нов потпретседател на ДУИ се назначи Бујар Османи. Дополнително, Собранието назначи тројца нови членови на претседателството, пополнувајќи ги испразнетите места. Новоименуваните членови се Беким Незири, Илир Хасани и Арта Билали. Г-ѓа Билали како секретар ќе го води Секторот за родова еднаквост.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ е партнер на Левица, за власт ги гази Албанците

Горан Наумовски

ДУИ: Меџити, наместо да преземе одговорност, се крие зад празни оправдувања и се обидува да измисли дежурни виновници

Воздухот во Скопје мирисаше на отров, а Меџити шеташе на партиски настан во Чаир, обвинува ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир

Влен: Граѓаните со години гледаа како неколку луѓе крадат и се збогатуваат, додека ДУИ чуваше стража

Горан Наумовски