Фудбалскиот клуб Милан од ден на ден го засилува својот тим за следната сезона.
Според бројката, но по потрошената сума, би се рекло дека рационално ги трошат парите заработени од продажбата на Тонали за 80 милиони евра.
По донесените играчи во одбранбената линија и средниот ред, на ред дојде жешката напаѓачка позиција.
За таа позиција, Росонерите го избраа поранешниот напаѓач на Салцбург, Ноа Окафор.
Милан за овој трансфер на Салцбург ќе му плати 14 милиони евра, а Окафор ќе потпише договор до 2028 година.
Се чини дека е добар потег на Милан, бидејќи нападот им е горечка позиција, со оглед на тоа што Жиру има 36 години, а Ориги би можел да го напушти клубот.