Донарума за грабежот од половина милион евра: Бев врзан, не можев да направам ништо

Од:

Голманот на ПСЖ и италијански репрезентативец Џанлуиџи Донарум преживеа вистинска голгота.

Имено, разбојници упаднале во неговата куќа среде ноќ додека бил во неа со семејството и ги ограбиле.

„Најлошото чувство што можете да го доживеете. Одеднаш ќе најдете некои луѓе дома во три часот по полноќ. Бев имобилизиран, додека Алесија беше принудена да предаде се што имавме вредно. Не можам да навлегувам во многу детали, сепак истрагата е во тек. Имаше многу страв. Бев беспомошен, врзан, не можев да направам ништо. Исто така, не зборувам француски толку добро, па беше тешко да им се објасни на тие луѓе каде се сите работи. А Алесија, сè уште е многу исплашена, беше со нив. Навистина моменти на длабок ужас. Страв дека ќе ја повредат“, изјави Донарума.

Италијанскиот голман објасни како заврши целиот инцидент:

„Моравме да заминеме за да може да се спроведе истрагата. Привремено останавме во хотелот“.

Разбојниците од куќата на Донарума однеле половина милион евра.

Би можело да ве интересира

Донарума: Во ПСЖ притисокот е посилен отколку во Милан

А1он

Донарума нема да го напушти ПСЖ во зимскиот трансфер рок

А1он

Донарума: Најмногу се плашам од Роналдо

А1он

Донарума ќе се врзе со Милан до 2024-та за плата од 7 милиони евра годишно