Претседателот на Белорусија синоќа пристигна во Москва за да разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин, јавуваат руските медиуми.
Како што соопшти претходно прес-службата на Кремљ, лидерите ќе разговараат за притисоците и проблемите поврзани со „понатамошниот развој на руско-белоруските стратешки односи“ и подлабоката интеграција во рамките на Федералната држава.
Од Минск велат дека ќе разговараат за голем број прашања поврзани со билатералната соработка, безбедноста, актуелните настани на меѓународната сцена, реализацијата на проекти во рамките на Федералната држава и заедничките активности насочени кон сузбивање на незаконските санкции.
На почетокот на месецот Лукашенко додаде дека ќе разговараат и за „вагнеровци“ и нивните идни активности, откако во јуни беше договорено овие борци да се преселат во Белорусија.
Москва и Минск работат на 28 проекти во рамките на Сојузната држава, кои првенствено се насочени кон усогласување на нивните платежни системи и макроекономски теми, а планирано е и формирање на заеднички пазар на гас, нафта и енергија.
Денешната средба на двајцата лидери ќе биде шеста по ред од почетокот на годината, што само ја потврдува блиската соработка меѓу Москва и Минск.