ВМРО-ДПМНЕ: Како компанијата на Дестани која нема искуство во копањето на злато ќе гарантира дека нема да се контаминира почвата од Иловица?

Од:

Владата тврдеше дека нема да има рудник во Иловица, а потоа сама дозволи компанија на семејството Дестани блиско до ДУИ да влезе во Еуромакс Ресурсис.Ако СДС и ДУИ не дозволеле, компaнијата на Дестани не можела да се стекне со удел во фирмата концесионер велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дестани платил за да влезе во фирма која немала концесија над Иловица во тој момент, зошто била одземена. Откако Дестани влегува во Еуромакс Ресурсис, истата го добива спорот пред Управен суд, и се враќа концесијата. Дали власта однапред е договорена со Дестани? И дали е вистина дека компанијата на Дестани воопшто не доставила студија за влијание врз животната средина работата на рудникот? Како компанија како таа на Дестани без никакво искуство во копањето на злато, може да гарантира дека нема да се контаминира почвата? Граѓаните со право се загрижени, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

(ВИДЕО) Кузеска: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособна и најкорумпирана досега

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

(ВИДЕО) Кузеска: Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари

(ВИДЕО) Кузеска: Со власта на Мицкоски минималната плата се држи на дното, работниците добиваат само леб и сол

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа