Во месноста Рафаиловиќи во Црна Гора дојде до голема тепачка меѓу келнери и гости во познат ресторан, пишува црногорски „Вијести“. Според неофицијални информации, за се е крив еден Русин кој ги навредувал келнерите и мештаните во локалот.
,,Ubiše ga ka sliku" 🤣
Vazno je da su svi prijavljeni I da imaju sanitarne, a djeca se moraju igrat 🤷♂️ pic.twitter.com/DpDJ5ExwhP— Gruna Stramen 🇲🇪 budući UDBAŠ (@GrunaStramen_) July 20, 2023
Во тепачката учествувале четворица руски државјани кои во алкохолизирана состојба најпрвин се возеле со својот автомобил на шеталиштето во Рафаиловиќ, каде за малку ќе удриле мотоциклист, а потоа, според очевидци, го блокирале шеталиштето. После тоа демолираа туристичка агенција!
На крајот се пресметале со келнерите во познат ресторан откако прво го нападнале сопственикот на тој ресторан. Работниците го спречиле нападот на сопственикот и се справиле со насилниците.