Би-Би-Си: ФИФА ќе спроведе истрага за расизам од страна на македонските навивачи

Од:

Британската радиодифузна корпорација Би-Би-Си на својата веб страна објави информација дека Светската фудбалска асоцијација – ФИФА ќе покрене истрага за наводни расистички навреди кон шкотскиот репрезентативец Икечи Аниа од страна на македонските навивачи.

Наводниот инцидент се случил на натпреварот во Скопје меѓу Македонија и Шкотска.

Според Би-Би-Си пријавата до ФИФА стигнала од организацијата ФАРЕ која се бори против насилството и расизмот на фудбалските терени.

Како што се наведува во информацијата ФИФА во случај да добие докази за овој инцидент ригорозно ќе ја казни Македонија.

Натпреварот Македонија – Шкотска се одигра во вторникот и заврши со победа на гостинската екипа од 2:1, а токму посочениот фудбалер беше стрелец на првиот гол за шкотската селекција.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска