Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Од:

Принцот Хари и Меган Маркл наводно имаат потешкотии во нивниот брак, па војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени за да ја обноват својата врска, објави Page Six.

„Тие се обидуваат да откријат што ги снајде. Хари не се вклопува во кичестиот холивудски свет на Меган“, рекол неименуваниот извор.

Тој наведува дека парот е „под огромен финансиски притисок да го задржат својот раскошен начин на живот во Калифорнија, кој ја вклучува и нивната палата од 14 милиони долари“.

„Тој стрес, заедно со нивните емоционални проблеми, веројатно го претворија животот во пекол“, вели изворот.

Во меѓувреме, страницата на Инстаграм „Deuxmoi“, која објавува озборувања за познатите личности, објави дека парот „ја продала својата куќа во Монтесито“ во округот Санта Барбара и дека Хари „живее на друго место“.

Сепак, извор близок до парот инсистира дека сите шпекулации за тешкотии или разделба се невистинити.

„Тоа не е вистина. Буквално се е измислено“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Меган и Хари отворија нова веб-страница

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата

Уште една пресуда во корист на Меган Маркл

Ана Ололовска

Принцот Хари и Меган Маркл вложија во инвестицискиот фонд „Етика“

Ана Ололовска