Станува збор за играч кој има само 22 години, игра на позициите стопер и десен бек, а од редовите на Ајакс пристигна за сума од 40 милиони евра со дополнителни 5 милиони евра преку бонуси.
„Многу сме среќни што го доведеме Јуриен во Арсенал. Тој е играч на кој долго време му се восхитуваме. Јуриен е млад талентиран интернационалец, кој се вклопува во нашата визија да се натпреваруваме со млад силен тим. Знам дека Јуриен едвај чека да започне и навистина се надеваме дека ќе има голем успех овде уште многу години“, изјави спортскиот директор – Еду.
„Навистина сме возбудени што ни се придружува Јуриен. Тој е сестран млад дефанзивец, кој ќе се вклопи во нашиот систем и ќе му обезбеди на нашиот тим толку многу дополнителен квалитет“, додаде тренерот на тимот – Микаел Артета.
За неговите услуги беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но на крајот лондонскиот тим достави поконкретна понуда.