Илир Демири е нов директор на тетовската болница

Од:

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска за нов директор на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово го именуваше д-р Илир Демири, кој на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор за Ковид-19 центарот информира Министерството за здравство.

– Доктор Демири кој е специјалист инфектолог поседува богато работно искуство, и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Тој од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор. Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против КОВИД 19 од самиот почеток на пандемијата. Доктор Демири е добитник на титулата „Европска личност за 2020 година“. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните. Доктор Демири исто така е член на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести, се вели во соопштението од МЗ.

Би можело да ве интересира

48-годишен маж од Тетово е осомничен за посредување во проституција

Горан Наумовски

Тетовчанец ја истепал сопругата и двете малолетни деца

Биљал Касами ќе оди по нов градоначалнички мандат во Тетово

Катерина Ѓуровски

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил