Европските министри од Скопје: Сменете го Уставот што побрзо, подобар договор со ЕУ нема да добиете

Од:

Македонија припаѓа на македонското семејство и ова е моментумот во кој Македонија мора да направи чекор напред, смета државната секретарка на Франција задолжена за Европа, Лоренс Бун која денеска заедно до министрите на Германија и на Полска е во официјална посета на земјава.

– Нема да има дополнителни барања од Бугарија или од било која земја. Ова е единственото барање, да се промени Уставот и автоматски сте во следната фаза на преговорите. Сакам да бидам јасна, ова сакаме да биде што побрзо. Имате 22 таргети кои мислам дека ќе ги исполните. Јас пренесувам порака на поддршка и на доверба од претседателот Макрон дека Македонија ќе го направи клучниот чекор и ние сме подготвени да ви помогнеме најдобро што можеме – порача Лоренс Бун.

Германската министерка за Европа, Ана Лирман се обиде да се обрати на македонски јазик, но не и одеше најдобро, па пораката од ЕУ ја пренесе на англиски јазик.

– Ве поддржуваме да станете членка. Руската агресија во Украина го забрза процесот кон ЕУ. Почитувањето на етничките малцинства е многу важно за ЕУ и тоа е една од европските вредности. Сега е моментот да се дејствува, да се каже да на европската иднина. Видете ја Полска денес. Договорот помеѓу ЕУ и Македонија е фер и нема да има подобар договор. Иднината на вашата земја е во вашите раце, ќе ве поддржуваме колку што можеме на патот кон членството, рече Лирман.

Министерот за ЕУ на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк рече дека неговата земја била голем поддржувач на влезот на Западен Балкан во ЕУ, посебно на Македонија.

– Пораката е едноставна: Полска, Германија и Франција сакаат да ја поддржат Македонија. Знаеме дека направивте жртва и тоа ЕУ мора да го препознае. Полска и Македоија имаат одлична соработка, денес сме сојузници во НАТО и сакаме што побрзо да влезете во ЕУ – потенцира Шинковски.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он