Четворица капачи се повредени во напад на делфини на плажа во централна Јапонија.
Шеесет годишен маж претрпел бројни каснувања по рацете и неколку скршени ребра, откако делфин удрил во него на неколку метри од брегот на плажата Суишохама, во градот Михама, јавува Би-Би-Си.
Маж (40) рано изутрината е повреден кога делфин го каснал за раката на популарна плажа.
Во текот на денот имало уште два напади на капачи.
Оваа година на брегот на Јапонија беа регистрирани шест напади на делфини.
На оваа, како и на другите плажи, поставени се табли со кои се апелираат капачите да не им приоѓаат и да не ги допираат делфините.
Иако делфините генерално не се агресивни кон луѓето, нападите биле забележани и претходно.
Научниците веруваат дека за одредени видови делфини е многу стресно кога пливаат во близина на луѓе, а тоа го покажуваат со менување на секојдневните рутини.