Повеќе од половина од вкупно 3,5 милиони граѓани на Уругвај немаат пристап до вода од водоводната мрежа, а експертите предупредуваат дека таквата ситуација може да продолжи со месеци, пишува лондонски Гардијан.
Три последователни сушни години речиси го испразнија главниот резервоар со свежа вода од кој се снабдува главниот град Монтевидео, а за да се избегнат недостигот, државната компанија која управува со водните ресурси од самиот почеток постепено ги надополнува резервите на вода од Рио де ла Плата.
Некои експерти предвидуваа ваква криза пред неколку години и укажаа на ранливоста на резервоарот од кој се снабдува со вода областа околу главниот град Монтевидео.
Сепак, според стандардите на Латинска Америка, Уругвај беше земја со високи приходи и се сметаше дека има изобилни водни ресурси, па предупредувањата дека резервите на вода се трошат се сметаа за катастрофални предвидувања и инвестирањето во нови извори беше одложено.