(ВИДЕО) Познат идентитетот на застреланите Македонци во Халкидики – бизнисмен, сопственик на казино ликвидиран во Грција

Од:

Доцна синоќа во 3:30 часот, во Ханиоти биле застрелани две лица од Северна Македонија. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра. 39-годишниот им подлегнал на повредите, додека неговиот 45-годишен пријател со повреди е хоспитализиран во болницата Полигирос.

Грчките медиуми јавуваат дека се работи за ликвидација.

Според очевидци, маскирани напаѓачи упаднале во изнајмената хотелска соба каде била сместена жртвата и почнале да пукаат, испукувајќи повеќе од 20 куршуми и избегале од местото.

Набргу потоа непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека некој бара помош. Повредените биле пренесени во Здравствениот дом Касандра Халкидики каде било констатирано дека бизнисменот им подлегнал на повредите, додека вториот маж е е хоспитализиран во болница во Полигрос.

Како што јавува iefimerida починатиот е 39-годишен бизнисмен, сопственик на казиното во Северна Македонија.

Медиумот вели дека се работи за Орхаин Баграини (роден 1984 година) кој е починат, додека Сеад Слезовиќ (1978) е повреден, двајцата бизнисмени кои биле активни во Северна Македонија во казино и фабрика за пијалоци биле во посета на Халкидики.

Всушност, денеска напладне двајцата бизнисмени би се одјавувале од хотелот, велат извори на медиумот.

Се упатува на ликвидација бидејќи пред неколку дена непознати лица го егзекутирале нивниот партнер, исто така од соседната земја.

Прелиминарна истрага врши Полициско одделение Полигирос.

Би можело да ве интересира

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он