Кинескиот милијардер и основач на Алибаба, Џек Ма, реши да го проба познатиот ноќен живот во Белград.
Милијардерот го „улови“ и престижниот клуб Лафајет, а судејќи по видеото, може да се каже дека уживал.
Џек Ма не остана имун на препознатливата балканска енергија, а беше опкружен со прскалки и со кренати раце уживаше играјќи на локални и странски хитови.
Меѓу познатите песни беше и партизанската песна „Bella Ciao“, која во тој момент громогласно ја испеаа сите гости.
Džek Ma u provodu u Beogradu pic.twitter.com/js2EgcmwWP
— Kalabaster (@KalabasterJak) July 14, 2023
Се уште не е позната причината зошто е дојден познатиот милијардер во Србија.
Џек Ма е кинески претприемач и некогаш најбогат човек во Азија, а сега е претседател на Одборот на директори на Alibaba Group.
Во мај 2014 година, американскиот финансиски магазин Fortune објави листа на „50 најголеми светски лидери“, а директорот и претседателот на Одборот на директори на Alibaba Group се најде на 16-то место на листата на оние кои „го прават светот подобар за живеење”.