Боби-Ли наиде на остатоци слични на вонземјани додека шеташе по плажата Кепел Сандс на брегот на Каприкорнија во Квинсленд и се обрати до група на Фејсбук за морска биологија за да ја реши мистеријата.
„Налетав на ова, прашувајќи се дали некој има поим што е тоа или со кого би можела да контактирам за да дознаам што всушност е“, напиша таа под фотографијата од нејзиното откритие.
Фотографиите поттикнаа жестока дебата за тоа дали посмртните останки се животно, човек па дури и сирена?
Neverovatno otkriće skeletnih ostataka pronađenih u Kvinslendu.
Šta je ovo, ljudi??? pic.twitter.com/mGwF2PHxTN
— Arsil (@arsagarson) July 14, 2023
„Долгиот дел од опашката или ногата изгледа како да има дополнителни зглобни делови каде што би се закачила друга коска, како стапало. Черепот е кружен, ребрата во иста форма како кај човек, коментираше еден корисник на мрежата.
Други сугерираа дека тоа е морско суштество или можеби кенгур.
Дел се збунети.
„Тој череп и ребра навистина ме шокираат“, „Морничаво, но сега сум љубопитен“, се дел од коментарите.
Почесниот професор на Универзитетот Џејмс Кук, Хелен Марш, верувал дека станува збор за распаднат морски цицач, најверојатно фока.
Други видоа смешна страна во мистеријата и се шегуваа дека тоа е сирена.