Кумановското обвинителство, полицијата и вештаци ќе го истражуваат пожарот во Судот

Од:

Кумановското обвинителство заедно со вешти лица, кримтехника ќе ги истражува причините за настанување на пожарот во Основниот суд Куманово, информираше денеска шефицата на обвинителството, обвинителката Теута Бедиу Рамадани. Таа додава дека штом се создадат услови, ќе се истражат причините за настанување на пожарот.

– Сè уште чади и нема услови да се изврши увид. Првично се сомневаме на електрична инсталација, но увидот ќе покаже кои се причините. Ова е постара зграда. На терен сме веднаш по добиената информација и јас и дежурниот обвинител, заедно со претставници од судот од почетокот на избувнување на пожарот. Пожарникарите уште работат. Со екипа на СВР ќе направиме и увид, ќе повикаме и вешти лица, ако е потребно ќе повикаме и други обвинители, вели Бедиу Рамадани.

Кумановското обвинителство е во истата зграда со судот. Пред неколку години со средства од ИПА беа реконструирани просториите. Од обвинителството велат дека лифтот кој е изграден и наменет за лица со попреченост не е зафатен, меѓутоа од едната страна има дим.

Од кумановската полиција информираат дека од почетокот се на терен.

– Денеска во 01.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во зграда на Основен суд Куманово. Известена е противпожарна екипа која работи на гаснење на пожарот засега нема пријава за повредени лица. Увид ќе биде извршен кога ќе биде изгаснат пожарот, изјави Ивана Младеновска портпарол на СВР Куманово.

Пожарот во подрумските простории на судот изби утрово во 01:35 часот. На терен се уште се противпожарни екипи од кумановската противпожарна единица.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски