Стоилковски за пожарот во кумановскиот суд: Власта се подготвува за заминување, индикативни се пожари и поплави во институции

Од:

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање како го коментира пожарот во кумановскиот суд и изгорената архива одговори дека власта се подготвува да замине и веројатно смета дека ќе успее да се сокрие криминалот.

Индикативно е што сега и периодот претходно се случуваат пожари и поплави во јавни институции каде што страдаат документи и архиви. Власта се подготвува да замине и веројатно смета дека ќе успее да се сокрие криминалот. Секој криминал, индиции за криминал, но и наводни несреќи и индиции за наводни несреќи и пожари и поплави по смената на власта ќе бидат детално истражени. Одговорност ќе има, истакна портпаролот Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт