Спасовски на иста линија со Арсовска: Ќе одговараат тие што земале плата, а не доаѓале на работа

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека МВР поднело кривична пријава за насилство за случајот во кој еден работник ЈП „Комунална хигиена“ беше нападнат од колегите затоа што решил да собира смет, наместо да штрајкува со нив.

– Денеска ќе биде доставен записникот од инспекторатите да ги видиме нивните наоди и во коориднација сме со Обвинителството и доколку се утврдат елементи за кривично дела, за дел од оние кои придонесоа можно е да бидат поднесени кривичини пријави. Секоја кривична мора сериозно да биде обработена и да се преземат мерки кои се предвидени. Тука не станува збор за ништо друго освен за тоа како што предвидува законот – рече Спасовски.

Во однос на недоследностите во работењето на КХС, министерот смета дека треба да се стави крај на политиканството во претпријатието.

– Ако имало недоследности, ако имало давање плати на тие што не доаѓале на рабата, ќе одговараат, нема да има отстапки. Треба да се стави крај на политиканството – додаде тој.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини