СДСМ: За хаосот со ѓубрето во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ

Од:

Со денови Скопје се дави во ѓубре. Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје создаде невиден хаос.Ваква катастрофа во Скопје е незапеметена досега. Ова што Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ му го направи на главниот град е срамно и тажно во исто време, велат од СДСМ.

– Мицкоски ги излажа и ги изневереи скопјани. Лично Мицкоски бараше гласови за Арсовска, ја промовираше за „најдобра менаџерка“ и „вистинска мајка“ и тој е директно одговорен за ова што се случува денеска. Наместо модерно Скопје како што Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа пред скопјани кога бараа гласови од нив, на главниот град му приредија уште една катастрофа. До толку се неспособни градоначалниците на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски, со едно ѓубре не можат да излезат на крај. ДПМНЕ и Мицкоски го претворија Скопје во депонија. Хаос имаше и со градскиот превоз, нема проекти, нема развој, ДПМНЕ од Скопје направи нечист, загаден и нефункционален град. Одговорноста е директно кај шпицниот Мицкоски и неговите кадри од ДПМНЕ, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он