(ВИДЕО) Стоилковски: Директор на БЈБ, Сашо Тасевски, на домашна адреса има непријавена фирма за трговија со компјутерска технологија

Од:

На денешната прес конференција го честитаме најновиот бизнис на директорот на БЈБ Сашо Тасевски, на чијашто адреса од неодамна има регистрирано компанија поврзана за информатичка технологија и компјутери. Очигледно човекот има многу време, па покрај директорувањето со полицијата, со најважниот инструмент за спречување на криминалот и корупцијата, сега семејно ќе водат и бизнис, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– На 12 октомври лани, 2022 година на домашна адреса на Сашо Тасевски е регистрирано Друштво за трговија, услуги и производство СМАРТИОТ ДООЕЛ со ограничена одговорност на едно лице, сопственик и управител, синот на Сашо Тасевски. Почитувани Сашо Тасевски е должен да одговори, со што тоа семејно се занимаваат на домашна адреса, со што тргуваат, какви услуги се нудат и што произведуваат? Колкав бизнис е во прашање и кои се клиентите до сега? Дали и колку позицијата директор на БЈБ добро влијае при склопување на зделки на фирмата на неговата домашна адреса?

За блискоста на семејството Тасевски и до сега имало случаи и скандали за кои што на прашањата на прес конференциите останаа неодговорени, од тоа дали Тасевски семејно присуствувале на пукањето од автоматска пушка, до тоа дали Сашо Тасевски го сокрил синот во случајот напад врз полицаец во градски парк? Не веруваме дека Сашо Тасевски ќе го остави синот да не успее како бизнисмен и дека нема да му помогне во развојот на фирмата на домашна адреса.

И како последно прашање за Тасевски денеска е, зошто за основањето на фирмата на домашна адреса не ја известил ДКСК? Тоа му е должност и обврска, а треба да е и пример за другите, особено по аферата “Тајни имоти” за неговите сопартијци! Почитувани, Сашо Тасевски е директно одговорен за спречување на криминалот и корупцијата на терен, но фактите покажуваат дека веројатно повеќе се посветувал на развојот на приватниот бизнис на домашна адреса. Едно е јасно, дека невозможно е Македонија да направи било каков исчекор со овие луѓе, со ДУИ и СДС, и решението се избори што поскоро – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски