Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

Од:

Изутринава во 8.38 часот во населбата Лисиче во Скопје е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски кој исчезна пред четири месеци.

„Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К(57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, потврдија за „А1он“ од МВР.

Костадиновски, кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно, како влегува во автомобил, во кој имало уште неколку лица.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред отприлика еден месец соопшти дека истрагата за Костадиновски е сè уште во тек и се преземаат низа криминалистички дејствија.

Тоа што е досега познато, како што посочи министерот, е дека се упасени две лица во однос на овој предмет и дека е поднесена кривична пријава за грабнување.

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тројца полицајци се убиени, а двајца се ранети во Пенсилванија

Пукање во Лондон, убиен е маж, тешко ранета е жена

Трагедија во Виена: Србин ја уби сопругата, ја повреди ќерката, а потоа изврши самоубиство

Горан Наумовски

Засега непознат маж пукал кон 18-годишно момче од Скопје, тинејџерот е ранет, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

Кривични пријави и притвор за престрелката во Тетово, двајца се во бегство

Катерина Ѓуровски

Три лица убиени во пукотница во Остин, осомничениот е уапсен