ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и понатаму продолжува со ангажирање партиски војници

Од:

СДСМ и понатаму продолжува со ангажирање партиски војници кои треба да креираат свесен конфликт за 5 дрва и парк од 483 метри квадратни пред хотелот Бристол, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на изјавата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
Ова сценарио под режија на СДСМ, потенцираат од ВМРО – ДПМНЕ, е веќе видено во неколку наврати.

– Истите луѓе кои имавме можност да ги видиме во многу таканаречени независни протести еднаш под името АМАН, потоа на таканаречениот ОТПОР, тоа се истите луѓе кои што беа и делегати на конгресот на СДСМ, роднини на високите функционери на СДСМ, сега се појавувааат како бранители на 5 дрва. Повеќе од очигледно е дека причината не се дрвата туку свесното креирање на конфликти, нешто што СДСМ најдобро знае да го прави, што воопшто не е во интерес на граѓаните на Република Македонија, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ понуди алтернатива за засадување на околу 10.000 нови дрва со парите од комуналиите од објектот на СРД кој треба да се гради во Општина Центар.

– Со ова покажавме дека како и до сега се грижиме за обнова и засадување на ново зеленило како во Општина Центар, така и низ цела Македонија. Но, СДСМ и Андреј Жерновски ја одбија таа алтернатива со што го покажаа своето лицемерно однесување. Бранат 5 стари дрва, а одбиваат предлог да се насадат 10.000 нови. Нема нормален човек кој што може да ја сфати нивната логика, стои во реакцијата.

Граѓаните веќе ги научија овие методи на делување преку блокади и креирање конфликти, се подвлекува во писмената реакција од ВМРО – ДПМНЕ и се додава дека тоа се истите методите на дејствување како во времето на Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ