Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“

Од:

Општина Охрид по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата – Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурсот за расказ“, а авторското право се докажува со четвртиот примерок.

Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, додека жири-комисијата резултатите од Конкурсот ќе ги објави во дневниот печат најдоцна до 8 август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во чест на писателот традиционално секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.

Би можело да ве интересира

Во Москва литературна средба „Малку за Македонија и за нејзините жени-писатели“

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Книгата „Будење на свеста“ достапна и во аудио издание

„Арс Ламина“ објави шест бестселери од Агата Кристи на македонски јазик, а наскоро се очекува и цела едиција од дванаесет изданија

Жарко Настоски

Во сите книжарници „Литература.мк“ се слават денови на литературата, овој пат со попусти до 70 отсто

Жарко Настоски