Остана без пасош и возачка, не смее да го напушти домот и да вози машини – судот му одреди мерки на багеристот кој усмрти жена

Од:

Судот ги прифати мерките за претпазливост предложени од Основното јавно обвинителство Скопје, за 42-годишникот кој е осомничен дека вчера на улицата „Јордан Мијалков“, управувал мобилна машина, багер  „лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

– забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола, како и привремена забрана да презема определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, се мерките кои ги бараше обвинителството, а судот ги прифати.

ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето, за кое постои основано сомнение дека сторило – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На обележан пешачки премин, со машината удрил во телото на една жена – пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, се вели во соопштението на Обвинителството.

За да го обезбеди присуството на осомничениот и непреченото водење на постапката јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост, информираше претходно Обвинителството.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Загина пешак на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Во бегство е возачот кој повреди пешак во сообраќајка во Скопје

Горан Наумовски

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал