Герасимовски: Поделени 150 пакети за социјално загрозени семејства

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски подели 150 пакети со прехранбени продукти и хигиенски производи, наменети за социјално загрозени лица и семејства од Општина Центар.

Социјалните пакети кои се донација, благодарение на општествено одговорната компанија Кам Маркет со која што Општина Центар има традиционалната соработка, Градоначалникот Герасимовски ги подели заедно со претставници од невладината организација „Банка за храна на Македонија“.

„Хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар“ продолжува да се реализира во континуитет и е секоја година добредојдена за нашите сограѓани, кои се наоѓаат во социјален ризик на сиромаштија. Верувам дека истата ќе придонесе кон подобрување на нивната сигурност и благосостојба со првична помош и поддршка за задоволување на основните животни потреби“, порача Герасимовски.

Општина Центар апелира и до останатите компании се приклучат со донации и да ја поддржат хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар“ со цел да им се помогне на најранливата категорија наши сограѓани. Општина Центар секогаш ќе се залага за организирање на разновидни хуманитарни акции за помош онаму каде е најпотребно.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Богдановиќ удри по Герасимовски: Ги пушти низ вода сите што гласаа за него во првиот круг