На скопскиот аеродром e приведен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на скопската општина Центар и сопственик на ланецот маркети „Тинекс“, потврди МВР.
Во акцијата се приведени уште пет лица. Меѓу уапсените е и Владимир Здравев, исто така поранешен функционер на Општина Центар. Тој е уапсен на граничниот премин „Табановце“.
Од МВР велат дека вчера „во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со кривични дека за перење пари и злоупотреба на службената положба. Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка“.