Посетата на Димитар Ковачевски на Германија, донесе дополнителни придобивки за државата и нашата европска иднина. Директно од канцеларот Олаф Шолц добивме јасни и цврсти гаранции дека нови услови, нови пречки на европскиот пат нема да има рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.
– Дополнително, тој јасно ја нагласи големата почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што Северна Македонија ги вложува во реформи на патот кон ЕУ. Сето ова доаѓа по усвојувањето на Резолуцијата во германскиот Бундестаг со која се потврдува и дополнително афирмира македонскиот како рамноправен со сите останати јазици на Европската Унија. Ова е уште една потврда за државничките политики на СДСМ и парламентарното мнозинство. Сите политички субјекти, вклучително и ДПМНЕ треба во прв план да ги стават државните и националните интереси и заеднички низ консензус да ја обезбедиме европската иднина. Полноправното членство во ЕУ не е определба само на една или две партии, тоа е стратешка цел поставена уште од денот на осамостојувањето, вели Каевски.