Владиката Давид прерупредува: Пратениците кои ќе кренат рака „за“ може да бидат лишени од крштевки, венчавки, погреби и богослужби

Од:

Доколку одредени пратеници во Собранието го изгласаат скандалозниот закон за родова еднаквост, сите ќе бидеме должни да го почитуваме. Истовремено, заради споменатата секуларност, црквата има свои внатрешни правила, кои можат да бидат педагошки и ненаметливо да им понудат образование на оние, кои ќе сакаат да го примат по сопствен слободен избор вели викарниот епископ на Скопската епархија Давид во неговиот блог, а објавен во пресрет на утрешниот собри кој го организира МПЦ против законите за матична евиденција и за родова еднаквот.

– Затоа, ќе треба внимателно да се запишат имињата и презимињата на оние народни пратеници, кои евентуално би кренале рака за спомнатиот закон за родова еднаквост, поточно – закон за дехуманизација. Потоа, црквата, секако доколку посака, може да размисли и да одлучи, пратениците, кои би го поддржале законот, кондиционално да ги лиши од сите свештенодејствија, кои тие, очигледно само од адет, би милувале да ги прават. Значи, доколку се декларираат како христијани, тие пратеници би биле лишени од крштевки, венчавки, погреби и сите други богослужби, кои го сочинуваат свештенотаинскиот живот на црквата, барем до мигот кога јавно ќе се преумат. На тој начин, не само поединци, туку сите заедно како општество, хармонично, еманципирано и без анархија, во мир и целосно меѓусебно почитување, ќе можеме да ги уживаме благодетите, кои ги нуди секуларното општествено уредување, порачува Владиката Давид.

Тој вели дека Црквата не е против правото на избор.

„Да не постои погрешно разбирање, црквата никогаш не ги осудува и не е против луѓето кои имаат некаков свој, меѓу другото, и сексуален избор. Тоа е нивен личен избор, кој се однесува на нивната совест. Истовремено, црквата одлучно смета дека тие луѓе не смее да бидат подложени на дискриминација или на казни! Од друга страна, пак, не е возможно да биде дозволен еден специфичен вид ‘апартхејд’, поточно едно издвојување на каква било минорна трансродова група, која на тоталитаристички начин ќе му го наметнува својот стил на постоење на севкупното општество. А, новиот предлог-закон за родова еднаквост го има токму трансхуманизмот како своја појдовна точка: се искоренува досегашниот модел на човек со сето негово достоинство и историја и се воведува нов модел на човек, кој лебди на површноста од своето постоење. На крајот на краиштата, христијанскиот модел на човек секогаш подразбира сопостоење со другиот, кој и да е тој, додека постчовечкиот модел ја подразбира слободата единствено како целосна ослободеност од другиот, како поништување на различниот, пишува во блогот.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата