Пендаровски: Легитимна обврска на секој амбасадор е да ги штити интересите на приватните бизниси од неговата држава

Од:

Не се работи за мешање во внатрешните работи. Легитимна обврска на секој амбасадор е да ги штити интересите и на приватните бизниси на граѓаните од неговата држава, а не само на државните институции, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски прашан за отвореното писмо на австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

-Го следам случајот од она што може да се види од медиумите. Чудни се коментарите дека тоа можеби е мешање во нашите внатрешни работи. Не станува збор за мешање во внатрешни работи. Станува збор за легитимна обврска на секоја амбасада. И нашите амбасадори кои се надвор и ја претставуваат нашава држава, имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, не само на институциите на државата која ја претставуваат, рече Пендаровски пред почетокот на отворањето на конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, во одговор на прашање.

Тој потсети дека и вчера имало реакција од поранешниот премиер Заев, упатил на институционална разврска.

-Видовме реакција во текот на вчерашниот ден и од поранешниот премиер, кој упати на институционална разврска, така што очекувам македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража, додаде претседателот.

Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, вчера во отворено писмо до медиумите насловено „Што ќе надвладее? Владеење на правотот и заштита на австриски инвестиции во Северна Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници“ обвини дека фирмите ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробиле судството и службениците (извршителите и нотари) во случајот со австриската инвестиција во земјава на AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија и повика „да се отстранат сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски