За Законот за родова еднаквост и за матична евиденција се јави и Отец Пимен.
-И така. Демократијата ете за сѐ имала решение.
Маргинализиран си. Отвораш невладина и добиваш право на црквата да и одредуваш место на маргините на општеството. Ти имаш право на мислење и слобода а верникот нема.
Без гајле, знаеме ние кај ни е местото. Знаеме дека нашата власт не е извршна и дека ако науми државата да донесе некој закон ќе најде начин тоа да го стори. И треба ли да премолчиме, да не кажеме наше мислење?
А знаат ли тие на другата страна дека никој не им дал такво право да ни забрануваат да кажеме свој став?
Црквата векови прогон и убивања претрпела од цареви земни силни и режими. И не замолчувала. И денес не замолчува.
Ќе одолее и на притисокот на неколку невладини и владини невладини организации. Ќе го изнесе својот став и тоа преку љубов, не со омраза.
Се гледаме во четврток, напиша Отец Пимен по последните заострувања на односите помеѓу црквата и невладините организации кои имаат спротивстваени ставови околу новите предлог решенија за родовата еднаквост и предлог законот за матилна евиденција.