Пендаровски: До крајот на ноември има време за уставните измени, не можам да замислам сами да се блокираме за членство во ЕУ

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање во рамки на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (PSJIE), што се одржува во Подгорица, истакна дека се надева оти до ноември ќе бидат направени уставните измени, за да се избегне државата сама да се блокира за влезот во ЕУ.

-Како што е познато, минатата година гласавме да ја прифатиме европската рамка и тоа беше еден од предусловите да продолжиме со преговори за членство во ЕУ. Веќе е оформрена работна група во рамки на нашето Министерство за правда, составена од ексpерти и политички претставници на партиите во Парламентот. Тие дадоа предлог за содржината на амандманите, па и за влез на бугарското малцинство во македонскиот Устав. Според најавите, следните две недели би требало таа иницијатива да ги помине процедурите во Владата и потоа да влезе во Парламентот. Во овој момент постојат разговори на различни политички нивоа, неодамна имаше и таканаречена лидерска средба меѓу премиерот и лидерот на главната опозициска партија, која сè до овој момент има забелешки, приговори и не е согласна да ја поддржи таа измена на Уставот. Некакви позитивни чекори напред од таа средба има, меѓутоа далеку сме сè уште од заокружување на тој процес, изјави Пендаровски.

Тој изрази надеж дека до крајот на ноември, додека трае т.н. скрининг процес, ќе ја завршиме таа обврска.

– Не би сакал воопшто и да помислам на опцијата сами себе да се блокриаме кога веќе минатата година ја усвоивме европската преговарачка рамка, најлогично е да ја завршиме таа работа и да продолжиме со втората конференција за членство во ЕУ, истакна Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски