Седиштето на паравоената група „Вагнер“ во Русија, лоцирано во Санкт Петербург, денеска соопшти дека функционира „нормално“ два дена по прекинатиот бунт на нејзиниот лидер Евгениј Пригожин.
„И покрај неодамнешните настани, Центарот продолжува да функционира нормално, во согласност со руските прописи“, наведува „Вагнер“.
Судбината на таа паравоена група е неизвесна – распуштање, интеграција во армијата или статус кво.
Извори на „Вагнер“ денеска соопштија дека групата продолжува да регрутира луѓе во неколку региони.