Сите подготовки се во завршна фаза така што бројните фанови, кои пристигнуваат во Нови Сад од повеќе од 100 земји и од пет континенти, од 6 до 9 јули, ќе бидат заедно лансирани во EXIT универзумот! Некои од најголемите светски ѕвезди ќе слетаат на Петроварадинската тврдина, вклучувајќи ги и водачите на најбараната турнеја во светот Продиџи, рап боговите Ву-Танг Клан, осумкратниот добитник на Греми Скрилекс, број 1 на електронската музика Ерик Прајџ! Познатите скали кои водат до колосалната МТС Денс Арена, кои ќе ги отворат Амели Ленс, Нина Кравиц и Индира Паганото како дел од концептот „all women“, а ќе ги затвори најактуелното трио на електронската сцена, Keinemusik. Благодарение на спектакуларната продукција која се подготвува со недели, Петроварадинската тврдина се претвори во еден вид EXIT град, каде сите љубители на фестивалот ќе имаат можност да ги слушнат своите омилени музички жанрови на преку 40 сцени и зони.
Со својата еклектична програма оваа година, фестивалот EXIT покажа дека не се откажува од својот повеќежанровски пристап, а обожавателите ќе можат да слушнат различни музички стилови во сите делови на тврдината: од најголемите светски хитови до андерграунд електронската музика, од класичен рок звук до жестоки хеви метал и панк рифови, од старата школа хип хоп, па сè до трап, драменбејс, реге, латино и светска етно музика.